Топ Вести - Слушај сега
Со празнично расположение, препознатлив хумор и доза политика, Доналд Трамп дел од Бадник го помина одговарајќи на телефонски повици од деца и семејства од сите краеви на САД, вклучувајќи се во традиционалната божиќна активност на Северноамериканската команда за воздушна одбрана – НОРАД, која со децении го „следи“ патувањето на Дедо Мраз низ светот.
Заедно со сопругата Меланија, од нивниот имот Мар-а-Лаго, Трамп разговараше со најмладите Американци кои со возбуда прашуваа каде се наоѓа Дедо Мраз, дали ќе стигне навреме и што ќе донесе под елката.
Едно 10-годишно дете од Оклахома праша како точно се следи Дедо Мраз, а Трамп одговори во свој стил.
– Го следиме низ целиот свет. Сакавме да бидеме сигурни дека не е инфилтриран, но откривме дека Дедо Мраз е добар. Тој ве сака. Ја сака и Оклахома, исто како и јас. Оклахома беше многу добра кон мене на изборите – му порача Трамп, додавајќи со насмевка: „Никогаш не ја напуштај Оклахома“.
Децата без двоумење ги споделуваа своите желби – од куќичка за кукли, преку „Kindle“, до флипер. На едно четиригодишно девојче кое посака куќа за кукли, Трамп ѝ порача дека „веројатно ќе ја добие“, додавајќи кон мајката: „Мислам дека можеме да го организираме тоа“.
Флиперот го инспирираше да ја спомне песната „Pinball Wizard“ од Елтон Џон, додека за детето што побара „Kindle“ рече дека мора да има „висок коефициент на интелигенција“.
– Ни требаат повеќе луѓе со висок коефициент на интелигенција во оваа земја – прокоментира Трамп.
Осумгодишно дете од Канзас се загрижило дека може да добие јаглен за Божиќ, на што Трамп возврати со прашањето: „Мислиш чист, убав јаглен?“
На друго прашање – дали Дедо Мраз би се налутил ако не добие млеко и колачиња, одговорот беше јасен.
– Јас би ги оставил. Мислам дека Дедо Мраз има сериозен апетит – рече Трамп, опишувајќи го како „малку херувимски и малку потежок“.
НОРАД ја одржува оваа божиќна традиција уште од 1955 година, а низ годините во неа учествувале и други американски претседатели. Трамп веќе има историја на контроверзни моменти – од прашањето дали децата „сè уште веруваат во Дедо Мраз“ во 2018 година, до познатата фраза „Let’s go Brandon“ во разговор со Џо Бајден во 2021 година.
Оваа година, разговорите траеле околу 20 минути, по што Трамп се јавил и на припадници на американските вооружени сили кои за време на празниците се на должност.
Кратко потоа, на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп објави божиќна порака со остар политички тон, во која ја нападна „радикалната левица“ и ги истакна, како што рече, позитивните економски показатели.
Сепак, самиот призна дека за време на разговорите со децата, економијата и политиката не биле тема.
– Не мислам дека децата се особено заинтересирани за тоа – напиша Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖