Background

Трамп го повика Путин да запре да пука и да потпише

Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД. Овие надежи ги изрази американскиот државен секретар Марко Рубио, иако борбите не покажуваат знаци на смирување.

Русија изврши напад со 150 дронови и ракети во неделата навечер, при што загинаа четири лица во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Москва, од друга страна, објави „целосно ослободување“ на Курската област, што Украина го негираше.

-Блиску сме (до договор), но не доволно блиску, изјави вчера американскиот државен секретар Марко Рубио за телевизијата Ен-Би-Си. „Мислам дека оваа недела ќе биде клучна“, додаде тој.

- Advertisement -
Ad image

Вашингтон не откри детали за својот мировен план, но предложи линијата на фронтот да биде замрзната и Киев да го отстапи Крим на Русија во замена за прекин на непријателствата – предлог за кој Киев одбива дури и да дискутира.

Спротивно на изјавите на Зеленски, Трамп вчера изјави дека верува оти украинскиот лидер е подготвен да се откаже од Крим.

-Мислам дека да. Таа работа со Крим беше пред 12 години – рече Трамп како одговор на новинарско прашање дали верува оти Зеленски е подготвен да го „предаде“ полуостровот, анектиран од Русија во 2014 година.

Американскиот претседател во последните денови изрази сомнежи во врска со подготвеноста на Владимир Путин да ја заврши војната.

– Сакам тој да престане да пука. Седнете и потпишете го договорот. Имаме основа за договор, верувам во тоа и сакам тој да го потпише –  рече Трамп.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, од своја страна, вчера изјави дека Украина не треба да ги отстапи сите територии окупирани од Русија, како што би сакал Доналд Трамп.

-Украина, секако, одамна знае дека прекинот на огнот или траен и веродостоен мировен договор може да вклучува територијални отстапки – рече тој на телевизијата „Ард Де“. „Но, тие сигурно нема да одат толку далеку – или не треба да одат толку далеку – како најновиот предлог од американскиот претседател, додаде тој.

Русија окупира околу 20 отсто од украинската територија, вклучувајќи го и Крим.

Во саботата, началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, го увери претседателот Владимир Путин дека Курската област е целосно „ослободена“ од присуството на украинските трупи.

Генералот посебно го пофали „херојството“ на севернокорејските војници кои се борат на страната на Русија – првото официјално признание од Москва за нивното учество во војната.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation