Background

Трамп го потпиша Законот на Кенеди што ја става крај на злоупотребата на државата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американските федерални агенции годишно губат стотици милиони, па дури и милијарди долари, поради непотребни или грешни исплати на бенефиции, вклучително и исплати на починати лица. Причината за овие несоодветни исплати најчесто е ненавременото споделување на податоците помеѓу федералните агенции, но и слабата контрола.

- Advertisement -
Ad image

Во обид да стави крај на овие неправилности и одлевање на буџетските средства, уште во 2020 година беше усвоен Закон за прекин на несоодветни исплати на починати лица, со важност од три години.

Со цел привремената мерка да стане трајно законско решение, сенаторот Џон Кенеди (републиканец од Луизијана) на 28 јануари 2025 поднесе Предлог-закон за прекин на несоодветните исплати на починати лица. Законот на Кенеди беше усвоен од Претставничкиот дом и од Сенатот на 12 јануари годинава. На 10 февруари американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот, кој ќе стапи во сила во декември следната година.

– Користењето на починати Американци за измама на даночните обврзници е најниско што може да се постигне. Многу Американци ги виделе овие измами како се одвиваат низ целата земја и се уморни од тоа како измамниците го изигруваат системот, исто така и јас. Затоа го напишав овој закон, заснован на здрав разум, за трајно да се стави крај на оваа скандалозна злоупотреба, и сум благодарен што претседателот Трамп го потпиша, за да осигуриме дека парите на даночните обврзници ќе одат кај живи Американци на кои навистина им е потребна нашата помош – изјави сенаторот Кенеди.

Според новиот закон, Администрацијата за социјално осигурување (SSA) од декември годинава ќе мора трајно да ги споделува податоците од својата база за починатите лица со Министерството за финансии, за да се избегнат погрешни исплати. Податоците ќе бидат достапни и за другите федерални агенции овластени да го користат системот на Министерството за финансии „Не плаќај“. Се очекува со тоа да се спречат милиони долари неправилни исплати, како што беше забележано за време на пандемијата, кога значителни суми завршија кај починати лица. Проценетата заштеда е околу 33 милиони долари годишно.

Како и претходниот, така и овој закон беше поддржан и од републиканците и од демократите.

– Министерството за финансии е цврсто посветено на унапредување на стратегии базирани на податоци кои го зајакнуваат интегритетот на плаќањата и ги заштитуваат парите на даночните обврзници. Законот на сенаторот Кенеди е голем чекор напред во постигнувањето на таа цел – изјави потсекретарот во Министерството за финансии, Џонатан Меккернан.

Законот на Кенеди беше поддржан и од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон (републиканец од Луизијана) и од лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стив Скалис (републиканец од Луизијана). Џонсон исплатите на починати лица ги нарече расипнички, наведувајќи дека со законот „американските даночни обврзници повеќе нема да ја плаќаат цената за грешките на федералната влада“.

– Благодарение на Законот за прекин на несоодветните плаќања на починати лица на сенаторот Кенеди, Министерството за финансии ќе стави крај на оваа скандалозна злоупотреба на федералните долари. Ова е уште еден начин на кој републиканците го исполнуваат ветувањето за намалување на расипништвото, измамите и злоупотребите во Вашингтон. Му благодарам на мојот добар пријател од Лујзијана за неговото водство по ова прашање и сум среќен што го гледам ова критично законодавство потпишано од претседателот Трамп – истакна Скализ.

Законот на Кенеди беше поддржан и од сенаторите Гари Питерс (демократ од Мичиген) и Рон Вајден (демократ од Орегон).

– Овој витален закон ќе помогне во заштеда на милиони долари на даночните обврзници, со тоа што ќе се осигури дека Администрацијата за социјално осигурување ќе може трајно да споделува важни податоци со системот „Не плаќај“ на Министерството за финансии, спречувајќи несоодветни исплати на починати лица. Горд сум што ја поддржувам оваа двопартиска легислатива за да помогнам во заштитата на парите на даночните обврзници – наведе Питерс.

Сенаторот Вајден потенцира дека со двопартискиот закон ќе бидат заштедени милиони долари на даночните обврзници секоја година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation