Не е фер луѓето кои се сликани со сексуалниот претстапник Џефри Епштајн да бидат „осудени поради една фотографија“, вели американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е прва реакција на Трамп откако Министерството за правда на САД објави илјадници фотографии.
– Го сакам Бил Клинтон, секогаш сме се согласувале, бил љубезен со мене, јас со него. Не ми се допаѓа што негови фотографии се покажуваат. Но ова го бараат Демократите, и неколку лоши Републиканци, па ги објавуваат и моите – рекол Трамп во разговор со новинари во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида.
Сликите на поранешниот американски претседател Бил Клинтон со Епштајн се најдоа на насловните страници во западните медиуми.
Трамп тврди дека многу луѓе „невино“ се сретнале со Епштајн и дека тоа не значи дека биле вклучени во неговите активности.
– Многу луѓе се лути затоа што нивните слики со него излегуваат, а тие немале ништо со неговите работи. Само биле на иста забава, и ете ти, репутацијата уништена.
Трамп ја обвинил Демократската партија во САД дека ја користи темата како одвлекување од економските успеси на неговата администрација.
– Денес градиме најголеми и најмоќни бродови во светот, а тие ме прашуваат за Епштајн. Мислев дека тоа е завршено.
Законот за транспарентност, Epstein Files Transparency Act (EFTA), усвоен со речиси едногласна поддршка во Конгресот и потпишан токму од Трамп, бара Министерството за правда целосно да ги објави сите материјали поврзани со случајот.
Но, досега е објавен само првиот дел од документите, што предизвика гнев кај жртвите и дел од конгресмените.
Портпаролот на Бил Клинтон, Анџел Урена, објавил писмена изјава:
„Некој или нешто се штити. Не знаеме кој, што или зошто. Но сигурни сме дека не ни треба ваква заштита.“
Урена додал дека постои „широко распространета сомнеж“ дека објавувањето се врши селективно, за да се создаде впечаток на вина кај лица кои веќе биле расчистени од Министерството за правда.
Џефри Епштајн, богат финансиски посредник со влијателни врски во политиката и науката, беше уапсен во 2019 година под обвинение за трговија со малолетни девојки. Неколку недели подоцна беше пронајден мртов во својата ќелија во Њујорк, што официјално беше прогласено за самоубиство.
Неговата главна соработничка, Џилејн Максвел, беше уапсена во 2020 година и подоцна осудена на 20 години затвор за врбување и помагање во сексуалната експлоатација на малолетнички.
Меѓу личностите чии имиња се спомнуваат во новите документи се јавуваат Ноам Чомски, Мајкл Џексон (постхумно), поранешниот министер Лари Самерс и други јавни личности.
Сепак, ниту едно од тие имиња не е поврзано со кривично дело, туку со контакти или патувања што се документирани во архивите на Епштајн.
Tagged as:
„не е фер да гори за една фотка“ Трамп го брани Клинтон
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
