Претседателот на САД, Доналд Трамп, по кратката средба со неговиот украински колега Володомир Зеленски во Ватикан, синоќа објави долга порака во која, меѓу другото, ги обвини претходниците Барак Обама и Џо Бајден за војната во Украина, и го искритикува рускиот лидер Владимир Путин за манипулација.
– Путин немаше причина во изминатите денови да пука ракети врз граѓански цели, градови и населени места. Ова ме тера да помислам дека тој можеби не сака да ја запре војната, туку само ме тапка по рамото – изјави Трамп и се закани со нови санкции против Русија.
Тој повторно ги обвини своите претходници дека на сториле ништо да спречат Русија да ја нападне Украина.
– Ова не е моја војна, туку на заспаниот Џо Бајден – напиша Трамп за својот претходник, кој на погребот на Папата седеше четир
Зеленски напиша дека средбата со американскиот претседател била симболична.
– Многу симболична средба која има потенцијал да стане историска, доколку постигнеме заеднички резултати – истакна Зеленски и му се заблагодари на Трамп.
Според него, биле разгледани поенти како „целосен и безусловен прекин на огнот“ и постигнување „сигурен и траен мир кој ќе спречи нова војна“.
Особено внимание привлече разликата во предлозите: додека планот на Трамп нуди само нејасни безбедносни гаранции за Украина, украинската страна предлага создавање европска мировна мисија со поддршка од САД, напиша „Њујорк тајмс“.