Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.
– Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин – им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток, јавија британските медиуми.
Според изјавата на шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, руската и американската делегација пристигнале во Истанбул, додека украинската делегација не, јавија турските медиуми.
Наведувајќи дека Турција придонела во мировниот процес од самиот почеток и дека оваа поддршка ќе продолжи, Фидан го привлече вниманието на важноста на медијаторските активности и дека во процесот треба да бидат вклучени и меѓународни актери.
Изразувајќи ја својата оценка за војната меѓу Русија и Украина, Фидан изрази надеж за траен мир. Наведувајќи дека американската делегација е исто така во Истанбул, Фидан изрази став дека двете страни, и Русија и Украина, треба да направат одредени отстапки во процесот на прекин на огнот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
