Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека падот на финансиските пазари поради воведените царини бил очекуван и дека оваа мерка е неопходна за зајакнување на економијата на САД, која ја нарече „болен пациент“.
Тој истакна дека е подготвен за преговори ако другите земји понудат „нешто феноменално“.
– Царините ќе им дадат на САД „голема моќ“ да преговараат – изјави Трамп.
Трамп како пример го наведе случајот со Тик-Ток. Според американскиот закон, видео-апликацијата во кинеска сопственост требаше да биде продадена од нејзината матична компанија, „Бајтденс“ или да биде офлајн во САД до 19 јануари. Сепак, Трамп даде продолжување од 75 дена, кое истекува утре.
– Имаме ситуација со Тик-Ток каде што Кина веројатно ќе каже: „Ќе одобриме договор, но дали ќе направите нешто за царините“. Се ставивме на возачкото место. Ако баравме од некои од овие земји – речиси повеќето од овие земји – да ни направат услуга, тие ќе речеа не. Сега ќе направат сѐ за нас – рече Трамп.
Висок официјален претставник на администрацијата претходно изјави дека новите опсежни тарифи за увозот не се предмет на преговори.
Трамп рече дека очекува многу компании да го преселат своето производство во САД.
– Запомнете, нема царини ако ја изградите вашата фабрика или ако го правите вашиот производ во САД – посочи тој.
Говорејќи пред новинарите на „Ер Форс Уан“, Трамп откри дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека тој можеби ќе ги посети САД следната недела.
Претседателот на САД изјави и дека Илон Маск веројатно ќе ја напушти неговата администрација „во наредните месеци“.
– Илон е фантастичен, но има многу компании што треба да ги води. Сакам да остане што е можно подолго, но ќе дојде момент кога ќе мора да замине – изјави Трамп.
Маск моментално раководи со владината служба за ефикасност, која има клучна улога во преструктурирањето на федералната администрација. Трамп нагласи дека оваа работа ќе продолжи и по неговото заминување, во рамки на различни агенции.
Во средата, Трамп и Белата куќа ги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика.
Tagged as:
Трамп е отворен за преговори по воведувањето на новите царини
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
