Background

Трамп даде нови детали, на пик се 4 земји?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Многу, многу Кубанци загинале во акцијата на американските специјалци во Венецуела, изјави шефот на САД во говор попладнево. Републиканците во Конгресот го поздравија со овации. Трамп, во новото обраќање пред Републиканците рече дека во операцијата учествувале 152 авиони, но дека нема загинати Американци, пренесува Би-Би-Си.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме најмоќна, најстрашна војска на Земјата. Никој не може да нè победи“ – рече Трамп.

Според извештаи од Каракас, 57 лица загинале при нападот на комплексот на Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Куба потврди дека 32 нејзини државјани се меѓу жртвите.

Би-Би-Си го анализираше и говорот на Трамп од 4 јануари кога тој првпат даде детали за операцијата во Венецуела. Џереми Боуен за медиумот пишува дека 4 земји може да се најдат на агендата на САД оваа година.

Куба ќе падне сама?

Трамп неодамна од својот претседателски авион изјави дека Куба „е подготвена да падне“.

– Не мислам дека е потребна интервенција. Изгледа дека паѓа сама – додаде тој.

Куба, под санкции од 1960-тите, останува најблизок сојузник на Венецуела, но губењето на венецуелската нафта ја остави економијата без кислород.

Државниот секретар Марко Рубио порача:

– Кога претседателот зборува, треба сериозно да се сфати. Да сум во Хавана, би бил загрижен.

„Дрогата тече во Мексико“

Шефот на САД обвини дека „дрогата тече“ низ границата и најави „одлучна акција против картелите“. Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум возвратила:

– Нема да има воена акција на мексиканска почва. Тоа е црвена линија.

„Колумбискиот претседател сака да продава кокаин“

Само неколку часа по акцијата во Венецуела, Трамп го нападна колумбискиот претседател Густаво Петро, нарекувајќи го „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава на САД“.

Колумбија е клучна земја во трговијата со дрога и има големи резерви на нафта, злато и платина. САД воведоа санкции против Петро, обвинувајќи го дека дозволува картелите да „процветаат“.

На прашањето дали би ја нападнал Колумбија, Трамп кратко одговори:

– Ми звучи добро.

„Ни треба Гренланд поради националната безбедност“

Американскиот претседател изјавил дека на САД им треба Гренланд поради „националната безбедност“.

Гренланд е богат со ретки минерали, клучни за електрични возила и воена технологија. Како што се топи мразот, САД гледаат нови стратешки можности во Арктикот.

Премиерот Јенс Фредерик Нилсен му возврати:

– Имаше доволно фантазии за анексија. Отворени сме за дијалог, но само со почитување на меѓународното право.

Монро и Донро и нов напад врз Иран?

Иран се соочува со масовни протести, а Трамп предупреди дека САД „ќе ги погодат силно“ доколку властите убиваат демонстранти.

Иако Техеран не спаѓа во рамката на „Донро доктрината“, Иран останува врвна тема на американската агенда. Минатата година Израел нападна ирански нуклеарни постројки, а во Мар-а-Лаго, Нетанјаху и Трамп се согласиле дека „режимот мора да биде ограничен“.

Американските медиуми пишуваат дека во 2026 е можен нов бран напади врз ирански цели.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation