Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел се согласил со условите на конечниот договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.
„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.
Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за воспоставување мир, додаде тој, ќе го достават овој конечен предлог.
„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да биде подобро – може да биде само полошо“, заклучи американскиот претседател.