Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави тарифа од 50% за бакар почнувајќи од 1 август, со цел да се заштити домашното производство на суровината, објави Ројтерс.
Претседателот на САД вели дека добил „сеопфатна“ проценка за националната безбедност дека тарифите се неопходни за заштита на домашното производство на суровината.
„Бакарот е неопходен за полупроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана, па дури и хиперсонично оружје, кое моментално го произведуваме во големи количини“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Земјите кои ќе бидат најпогодени од новите тарифи се Чиле, Канада и Мексико, главните добавувачи на рафиниран бакар, легури на бакар и производи од бакар во САД.
Чиле, Канада и Перу ѝ кажаа на американската администрација дека увозот од нивните земји не претставува закана и не треба да биде предмет на тарифи бидејќи овие земји имаат договори за слободна трговија со САД.