Тошковски со превентивна кампања за повозрасните граѓани

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна акција „Внимавај телефонски измами“, насочена кон едукација на повозрасните граѓани, кои се најчести жртви на таквите измами.

Преку непосреден разговор и со делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест вид на измама е измамата со лажна сообраќајна незгода. Измамниците се претставуваат на телефон како полициски службеник, адвокат, обвинител или како доктор и ги лажат жртвите дека нивното дете повредило некого во сообраќајна незгода. Потоа се обидуваат да извлечат пари од жртвата -, така што за одредена сума би му помогнале на детето кое е во неволја.

– Измамниците на тој начин се обидуваат да ги злоупотребат повозрасните лица. Денес во Градскиот парк во Скопје успеавме да разговараме со голем број повозрасни лица и да ги информираме за таквите измами и модус операнди или начинот на работа на измамниците. Апелираме дека доколку некој добие таков повик е потенцијална жртва на таква измама, никако да не дава пари, да го прекине разговорот веднаш да ја повика полицијата на 112 или 192 и да ги извести и своите најблиски – апелираше министерот Тошковски.Во првата половина на оваа година досега се пријавени вакви 16 настани. За период од пет години досега се расветлени 40 настани. Поднесени се кривични пријави против 16 лица, за сторени 40 кривични дела Измама, додека за останатите настани се преземаат мерки за нивно расчистување и за поднесување на соодветни кривични пријави.

Во паркот дојдоа и полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар. Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.

– Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество – потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.

Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас во унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.

Share This Article