Background

Тошковски се пофали дека лани имало најниско ниво на криминал во последните 20 години

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.

- Advertisement -
Ad image

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.

Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела сторени во претходни години, но откриени во 2025 година, за кои се поднесени соодветни кривични пријави.

Министерот нагласи дека највпечатливи се бројките поврзани со штетата нанесена на државниот буџет. Во 2023 година поднесените кривични пријави се однесувале на вкупна штета од 5,7 милиони евра, во 2024 година на 24 милиони евра, додека во 2025 се поднесени кривични пријави дури за 380 милиони евра, што претставува зголемување од околу 66 пати во однос на 2023 година.

Тошковски истакна дека ваквите резултати се производ на институционален пристап и координирана работа не само на МВР, туку и на другите надлежни институции во откривањето на корупцијата и економскиот криминал, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност и Финансиската полиција.

Говорејќи за севкупната безбедносна состојба, министерот посочи дека 2025 година претставува историски најдобра година во последните 20 години по бројот на сторени кривични дела, со вкупно 17.972 регистрирани кривични дела. Дополнително, расветленоста на кривичните дела изнесува 67,2 проценти, што исто така претставува највисок процент во последните две децении.

Министерот Тошковски упати јавна благодарност до полициските службеници за нивната професионалност и посветеност, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и сите форми на криминал ќе продолжи со исто темпо, а фокусот на јавноста во наредниот период оправдано ќе биде насочен и кон постапувањето на обвинителството и судството, како клучни алки во системот на владеење на правото.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation