Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.
– Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано – порача Тошковски.
По видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари.
Веднаш биле преземени мерки и активности, а лицата биле пронајдени. Бил извршен службен разговор и против нив, како што се наведува, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
– Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП. СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖