Background

Тошковски најавува повисоки казни за нелегалните трговци со пиротехнички средства

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се размислува за заострување на казнената политика за нелегална трговија и употреба на пиротехнички средства. Тој истакна дека и покрај засилените превентивни кампањи, проблемот останува присутен, особено во урбаните средини.

- Advertisement -
Ad image

-За жал и покрај тоа што се зголемени превентивните кампањи, покрај тоа што е зголемена превентивната активност, јас сум жител на градот Скопје и констатирам дека навистина има доста употреба на пиротехника. И сум лично на размислување во делот на заострување на казнена политика која што е поврзана со, особено со ваков тип на криминал и нелегални дејности, во делот на санкционирање на оние коишто тргуваат, увезуваат, шверцуваат, продаваат или на било каков начин допринесуваат пиротехниката да заврши во рацете на дечињата – изјави Тошковски.

Министерот потврди дека во една од акциите за заплена на пиротехнички средства бил вмешан и полициски службеник.

– Согласно информациите што ги имаме, тој бил дел од групата за која постои сомнеж дека нелегално ги внесувала пиротехничките средства во Македонија. Мислам дека на територија на СВР Велес првично беше запленето и откриено она што е поврзано со нелегална пиротехника. Индициите и доказите што ги имаме до овој момент се во насока на она што е споделено со јавноста – дека истиот учествувал во рамки на нелегални дејствија поврзани со внесување и транспорт на пиротехника – рече министерот.

Тошковски се осврна и на трагичниот случај со двегодишното дете кое почина од залутан куршум, за што информираше дека истрагата е во тек.

-Истрагата е во тек. Она што досега е официјализирано е дека станува збор за куршум кој е потврден од страна на надлежните органи. Не станува збор за куршум кој бил директно насочен за да се застрела детенцето, туку станува збор за залутан куршум. Истрагата ќе продолжи, ќе ги преземеме сите надлежни чекори со цел да утврдиме конкретен сторител. Без оглед на тоа што овие случаи се доста тешки за детектирање и откривање, ќе се направи сè за да се дојде до вистината – нагласи министерот.

На денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство, Азар Алиу, апелираше граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и друга пиротехника, бидејќи тие не се играчка и можат да предизвикаат сериозни, трајни и неповратни повреди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation