Background

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Нема да се казнува за минимално печекорување на дозволената брзина.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од 6 километри на час, за брзини над 100 километри на час ќе има толеранција од 8 километри. Ако дозволената брзина е 50 километри на час, „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 километри на час нагоре – рече Тошковски во гостување на телевизија Телма.

Министерот нагласи дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, а не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија,

– Кога служените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, нема да бидат во систем, а кога нема да постапуваат во рамки на оперативно делување, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие – рече Тошковски.

Деталите за бројот и за цената на камерите остануваат класифицирани, согласно закон.

– Тие спецификации се безбедносно класифицирани информации. Она што можам да го кажам е дека трите договори заедно со одржувањето од 2008 до 2025 година чинат околу 85 милиони евра – рече Тошковски.

Според него, вкупната сума потрошена за 14 години е околу една петтина од годишните трошоци што државата ги има од сообраќајни незгоди.

Во врска со измените на Законот за прекршоците за да може да се испраќаат казните по смс или по мејл, а за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, Тошковски рече дека нема пратеник кој не би го поддржал овој проект.

Тој потенцира дека лично ќе се вложи во процесот на импленментирање на проектот, кој, според него, спасува животи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation