Background

ТОДОРЧЕ НИКОЛОВСКИ ВЕТИ РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО КРАТОВО

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.

– Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во ‘Карши Бавча’. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во ‘Царина маала’, чија реализација е започната и се одвива извесен период – вели Николовски.

Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.

- Advertisement -
Ad image

– Реконструкција на речиси сите улици во ‘Зорле маала’, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица – рече Николовски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation