Background

ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија и е прва компанија со Платинум признание во земјата

ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинум признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Една од најзначајните негови придобивки е намалувањето на количините на отпад кои се одлагаат на депонија, што е од исклучително значење од аспект на животна средина, но и од економски и социјален аспект, а придонесува и генерално за намалување на емисиите на стакленички гасови.

– Иако компанијата во производниот процес не создава отпад, активно работиме на ефективна имплементација на одржлив систем на управување со отпад, кој се генерира од амбалажата на производите, од одржувањето на погоните и од административното работење. Како членка на групацијата ТИТАН, достапни ни се најдобрите практики во оваа област кои успешно ги имплементиравме. Оваа награда за нас е од големо значење, бидејќи доаѓа во годината кога одбележуваме 70 години од нашето постоење и е вистинска потврда на нашата определба за имплементирање на принципите на кружната економија во нашата компанија. Овој модел е значаен и за заедницата, а ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да помогнеме во пошироко имплементирање на овој начин на работење – истакна Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН УСЈЕ.

- Advertisement -
Ad image

Системот „Нула отпад на депонија“ подразбира одвоено собирање на различни фракции на отпад и водење на точна и транспарентна евиденција. Детално се следи и документира текот на материјалите кои влегуваат и излегуваат од процесите, количината на создаден отпад, како и типот и начинот на управување со секој тип отпад.

Откако ќе се соберат податоците за количината на генериран отпад и делот од отпадот кој е третиран преку некој од горенаведените механизми, се врши пресметка на стапката на повратен материјал, односно отпад кој не завршил на депонија. Платинум сертификат добиваат само компаниите кои имаат од 99 до 100 отсто стапка на повторна употреба на отпадот. Во 2024 година ТИТАН УСЈЕ има 99,86 % повторна употреба на отпадот.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и континуиран развој преку дигитализација, иновации и воведување на вештачка интелигенција во сите сегменти од работењето. Компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation