Голема меѓународна полициска акција против организираниот нарко-криминал резултираше со апсење на 234 лица, од кои 225 во Турција и уште девет во четири европски држави – Холандија, Германија, Шпанија и Белгија.
Ова го објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, кој нагласи дека цел на акцијата биле високорангирани членови на картели вклучени во трговија со кокаин, хероин и синтетички дроги како „екстази“.
Во операцијата, што се водела истовремено на неколку континенти, биле запленети повеќе од 21 тон дрога и имот во вредност од околу 300 милиони евра. Властите откриваат дека покрај трговија со дрога, дел од осомничените се товарат и за убиства, перење пари и организирање на криминални структури со глобален дострел.
– Се соочуваме со моќна и добро организирана меѓународна мрежа – изјави министерот Јерликаја.
Во рамките на истрагата, Турција споделила чувствителни информации и документација со полициските служби на 13 држави, меѓу кои и Македонија, како и Франција, Велика Британија, Австралија, САД, Грција, Србија, Азербејџан, Косово, Бугарија, Бразил и Иран.
Оваа акција е оценета како една од најобемните против меѓународниот нарко-криминал во последната деценија и се смета за сериозен удар врз глобалните синџири за трговија со дрога.
Tagged as:
информирани и македонските власти Тежок удар врз нарко-мафијата во Турција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
