Тетовската полиција ги уапси лицата кои насилно втурнаа две лица, меѓу кои и малолетник во „БМВ Х5“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Судија во претходна постапка им одреди 30 дена притвор на 56-годишниот Џ.Д од тетовско Гајре и на 52-годишниот Л.Д. од Тетово.
„На 05.05.2025 во 23.00 часот и на 06.05.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с.Гајре, тетовско и Л.Д.(52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5″ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.
Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д“, се вели во полицискиот билтен.