Единаесетгодишно дете и 20-годишен возач се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гевгелија, на улицата „Моински Пат“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 5 август 2025 година околу 13:10 часот, кога патничко возило од марката „мицубиши“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од 20-годишниот А.С. од Гевгелија, удрило во 11-годишен пешак, исто така од Гевгелија. По ударот, возилото продолжило да се движи и се забило во паркирано возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.
Од силината на ударот, возачот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека детето минало со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што им била укажана медицинска помош и им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата извршен бил увид од страна на екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, по насока на јавен обвинител.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖