Тешка сообраќајна несреќа се случи во саботата попладне на стариот пат меѓу Солун и Верија, при што животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, а грчката полиција уапси 34-годишен возач на камион од Македонија, кој е вклучен во несреќата, објави Екатимерини.
Според информациите на МИА од Грција, возачот на камионот откако беше уапсен бил изведен пред јавен обвинител и со усна наредба на обвинителот бил ослободен.
Несреќата се случила околу 16 часот, на делницата меѓу Халкидона и Лудија, кога камион и патнички автомобил со четиричлено семејство се судриле фронтално под засега неразјаснети околности. Возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите.
Мајката и деветгодишниот син се тешко повредени и се хоспитализирани во болницата „Гениматас“ во Солун. Според роднина, семејството се враќало од шопинг во Солун кон нивниот дом во селото во регионот Пела.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
