Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа денеска на експресниот пат Штип-Кочани во близината на селото Тркање.
Во несреќата учествуваа две патнички возила, „пежо 3008“ и „фолксваген“. Едно од возилата во сообраќајката беше опожарено при што интервенираше кочанската пожарна единица.
Еден од загинтите е од Кочани, а другиот е од Скопје.
На лице место интервенираа Итната медицинска помош од Кочани, пожарникарите и полицијата.
Сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.
Од Министерството за внатрешни работи го потврија случајот преку соопштение:
„Денес 07.03.2025 година околу 14 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани, кај село Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Увидот е во тек“, соопштија од МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
