Жена на 33 години загина, а 6 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово. Меѓу повредените има 3 деца, од кој најмалото е на 6-годишна возраст. Од соопштението на полицијата произлегува дека сите биле во едно возило, кое излетало од патот.
СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 15.30 часот, на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.
– Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок. Доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од селото Боговиње. Со повреди биле пренесени во Ургентен центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште – информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Увид на местото извршува екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
