Температурите ќе паѓаат под нулата, а студениот ветар ќе го засили мразот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија ќе остане под влијание на многу ладен воздух од истокот и североистокот на Европа до крајот на оваа седмица, при што утрата ќе бидат исклучително студени, а температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата.

Според прогнозите на метеорологот Славчо Попоски, во Беровскиот регион, на повисоките места и планинските предели, утринските температури ќе паднат до околу -10°C, а дневните вредности ќе се движат во интервалот од 2 до 9 степени.

– Времето ќе биде претежно сончево, со повремена мала до умерена облачност. Се очекува засилување на северниот ветер, особено изразено долж Повардарието, што дополнително ќе го зголеми чувството на студ – вели Попоски.

Во петок се предвидува зголемување на облачноста, а во југоисточните делови на земјата можно е да има слаби локални врнежи од дожд или мешавина од дожд и снег.

Но, најголемата закана допрва доаѓа!

Според најновите прогнози, од средината на февруари, па во втората половина на месецот, се очекува поларна експлозија од Русија која би можела да го погоди речиси целиот европски континент, вклучувајќи го и Балканот.

Овој поларен бран, доколку се задржат ваквите услови, би можел да донесе екстремно ниски температури, какви што долго време не сме забележале во Македонија.

– Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста ќе биде навремено информирана за секоја нова временска состојба на прогностичките материјали – изјави метеорологот Славчо Попоски.

Share This Article