Background

„Тел Авив уценува со затворената граница“, реагираат хуманитарците

Едно од четирите тела што групата Хамас ги предаде во понеделникот, 13 октомври, не ѝ припаѓа на жртва што била држена како заложник од страна на палестинската група, потврдила израелската војска по обемна форензичка анализа, јави Би-Би-Си.

Меѓутоа, ова не било првпат Хамас да ги измеша телата, пишува медиумот. Во февруари, организацијата ги предала останките за кои тврдела дека ѝ припаѓаат на израелската мајка Шири Бибас и нејзините две мали деца. Но, анализата покажала дека тоа не била таа. Потоа, Хамас го вратил вистинското тело.

Според Договорот за прекин на огнот од Шарм ел Шеик, кој сè уште не е финализиран, групата Хамас признава дека можеби не може да ги најде сите тела на израелските заложници. Во него е предвидено и формирање на посебен механизам за размена на информации, за групата да може да ги предаде сите сознанија за телата што не може да ги лоцира.

- Advertisement -
Ad image

Понатаму, Хамас тврди дека дел од телата се под урнатини и побарал дозвола да внесе тешка машинерија за да продолжи со ископувањата.

Но, израелското јавно мислење сè повеќе се гневи поради бавниот процес на враќање на посмртните останки. Владата на Израел верува дека Хамас поседува повеќе тела отколку што досега се предадени.

Како реакција, Тел Авив синоќа се заканил дека ќе го затвори преминот Рафа кон Египет и ќе ја намали хуманитарната помош кон Газа. Веќе следниот ден, цените на основните продукти скокнале на пазарите, јави Би-Би-Си.

На тоа реагирала и организацијата „Medical Aid for Palestinians“. Директорката на организацијата во Газа, Фикр Шалтут, рекла:

– Навистина е скандалозно што Израел ја користи хуманитарната помош како средство за уцена, кога според меѓународното право е должен да ја овозможи – изјавила таа за Би-Би-Си.

Шалтут додала дека досегашната помош што пристигнува е „како капка во океанот“ и ги повикала странските влади да притиснат врз Израел за да ги отвори сите премини и да дозволи итен прилив на помош низ целата Газа.

Истовремено, и Израел доставил тела на палестински затвореници.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопштил дека 45 тела на Палестинци, кои дотогаш биле во израелски притвор, биле вратени во Газа. Според д-р Мохамед Закут, директор на болниците во енклавата, формиран бил тим за идентификација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation