Background

Техеран тврди дека може да ја таргетира дури и вилата Мар-а-Лаго?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги негираше медиумските извештаи дека претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, го предупредил Трамп да не тргнува кон целосна воена интервенција во Иран, поради можните консеквенци.

- Advertisement -
Ad image

„Генерал Кејн, како и сите ние, би претпочитал да не види војна, но доколку се донесе одлука за воена интервенција против Иран, тој верува дека тоа би било нешто што лесно би можело да се добие“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Трут соушл.

„Одлуката е моја и јас повеќе би сакал да склучиме договор отколку да не склучиме, а ако не го постигнеме тоа, тоа ќе биде многу лош ден за таа земја (Иран), а за жал, и за нивниот народ. Со оглед на тоа што тие (Иранците) се одлични и прекрасни, нешто толку лошо не треба да им се случи“, додаде Трамп.

Според повеќе американски извори, генерал Кејн не се изјаснил директно против воена акција, но јасно и детално ги истакнал ризиците од такви дејства. Медиуми како „Аксиос“ известуваат дека Кејн на состаноци со Трамп и други високи советници повторувал дека кампања против Иран би можела да доведе до долг и тешко контролибилен конфликт, со ризик од големи американски загуби (кај војската).

Кејн исто така истакнал дека нападот врз Иран би бил многу пообемна и посложена операција од она што САД го правеле досега, со повеќе целни места и опасности, вклучително и можност за вклучување на регионални актери, а и со помало учество на сојузниците на САД.

Претходно, ирански пратеник предупреди дека Иран би можел да го прошири својот одговор на евентуален напад, и надвор од Блискиот Исток и дека дури и „личната палата“ на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да биде цел, алудирајќи на вилата Мар-а-Лаго.

Како што објави „Џерусалем пост“, пратеникот Амир Хајат Могадам, член на иранскиот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, рекол дека

Иран би можел да потопи американски воен брод во Оманското Море, да нападне американски бази во регионот и да ги таргетира американските сили, вклучувајќи војници, офицери или генерали. Тој исто така сугерираше дека иранските напади не мора да бидат ограничени само на Блискиот Исток, туку би можеле да стигнат и до самите САД, додавајќи дека и „личниот дворец на Трамп“ може да биде погоден.

Властите на САД сè уште не ги коментирале овие закани. Претходно Трамп изјави дека Иран мора да постигне договор во рок од 10 до 15 дена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation