Background

Театар, бегството и враќањето на Груби се договорени меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција истакна дека враќањето на Груби на македонската граница претставуваат однапред договорен политички театар.

„После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор“, рече Кузеска.

Таа потсети дека СДСМ уште во декември 2024 година предупредуваше на вакво сценарио.

- Advertisement -
Ad image

„СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност“, нагласи Кузеска.

Станува збор за координирана акција меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ.

„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати“, потенцираше таа, додавајќи дека „ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување“.

Кузеска оцени дека целта на овој договорен настап е дефокус од сериозните скандали што ја тресат Владата.

„На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски“, изјави таа.

Портпаролката посочи дека повеќе од 20 дена нема одговори за случајот со 5 тони дрога, ниту, како што рече, за „сликите со Симе, за Адамовиќ“, како и за бројните тендери поврзани со власта.

„Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска. Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Кој се смее кога го апсат?“

На крајот, Кузеска порача дека, без оглед на, како што рече, режираниот театар, одговорност мора да има.

„Секој што го прекршил законот мора да одговара. Ова нема да помине“, истакна портпаролката на СДСМ.


Линк до видео:
 https://www.youtube.com/watch?v=7qXiZFmZi-g&t=3s

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation