Таткото Александар Ѓорчевски рече дека направил сѐ што можел и што му текнало барајќи ја Вања, но дека сфатил дека полицијата почнала да се сомнева во него откако видела дека семејството поседува голем имот

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Таткото Александар Ѓорчевски рече дека направил сѐ што можел и што му текнало барајќи ја Вања, но дека сфатил дека полицијата почнала да се сомнева во него откако видела дека семејството поседува голем имот.

Тој денеска одговараше на прашања од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ.

– Дали имате пратено порака на телефонот на Вања? – праша Туфегџиќ.

– Можам да кажам дека сѐ што ми текна, сѐ направив. Секаде каде ми текна, се јавив, барав помош од Американската амбасада, од Интерпол, од КФОР, од пријатели во МВР… Во еден момент ми текна дека можеби тие што ја киднапирале Вања, ќе го вклучат нејзиниот телефон за да нѐ контактираат, па прво што ќе видат, ќе биде мојата порака која ја пратив на мобилниот на Вања. Пораката гласеше дека сѐ што ќе побараат, сѐ ќе направиме – рече Ѓорчевски.

– Што правеше Зорица во тие денови и дали комуницираше со новинарите? – праша Туфегџиќ.

– Зорица беше избезумена, како и сте останати. Јас немам профил на Фејсбук ниту на ниедна друга социјална мрежа, освен на Дискорт, преку која бев нон-стоп со децата. Се трудевме и двајцата да глумиме смиреност, дека не сме во паника, заради Миња. И Зорица се вклучи во обезбедувањето на снимките од околните камери, таа комуницираше со медиуми. Ѝ се јавуваа разноразни јасновидци. Во еден момент доби порака на Фејсбук дека Вања е најдена на Косово. Се нудеа луѓе да дадеме облека од Вања, па ќе кажеле каде е. Со еден збор – лудило – рече Александар.

Тој објасни како дошло до тоа Зорица да му го префрли станот во 2018 година, а во 2023 година направиле нов договор на име на децата. Договорот бил од формален карактер, за да може наемнината од станот да ја добива на неговата сметка.

– Решивме да го одложиме разводот за една година, за постепено да ги воведуваме децата во новата состојба. Таа година функциониравме под ист покрив. Мене ми беше ветено од Фершпед и од Кометал дека кога сакам може да се вратам на работа. Станот за кој прашавте беше празен по смртта на родителите на Зорица. Таа избегнуваше да го посетува станот. Сѐ ја потсетуваше на мајка ѝ и на татко ѝ кои починаа во краток временски период. Решивме да го издаваме станот, се договоривме парите од киријата да ги земам јас. Начелно се имавме договорено станот на Наум Наумовски Борче и станот на Партизански одреди да им припаднат на децата – рече Александар и додаде дека тоа било во 2016 или 2017 година.

Тој објасни дека потоа станот на Наум Наумовски Борче бил реновиран за двете деца да добијат своја соба. За да се избегне плаќање данок, бившите сопружници решиле становите да им бидат префрлени на децата.

- Advertisement -
Ad image

– Миња го избрала станот на Наум Наумовски Борче, а Вања рече дека сака да живее во станот на Партизанска. Како краен рок за договорот за становите го одредивме декември за децата да ги добијат како новогодишен подарок – рече Александар.

– Како комунициравте во вибер групата со родителите? – праша Туфегџиќ.

– Јас ги следев разговорите во вибер групата, но бев преокупиран со снимките од камерите. Имам пратено и избришано порака. Тука во судот тоа го напомена инспекторот Дејан, затоа што беше навредлива за полицијата. Во смисла дека тапкаат во место и дека инсистираат на тоа дека Вања сама побегнала. Тоа беше одговор на директно прашање на мајка на другарка на Вања. После 2-3 минти ја избришав пораката затоа што ми беше повеќе од јасно дека полицијата веќе се сомнева во мене. Не ми е јасно на што алудираше инспекторот Дејан, но таа вибер група сѐ уште постои и може да се види после бришењето на мојата порака какви биле коментарите – рече Александар.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article