Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени – изјави Таравари за МИА.
Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во Вреди донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на оние места што ѝ припаѓаа на Алијанса за Албанците.
– Членовите на ИК ме овластија во периодот што следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ, односно од партијата на Арбен Таравари – изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во Вреди или ќе се поделат.
– Во наредниот период ќе бидат појасни многу работи – рече премиерот Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
