Background

Таравари им одговори на Фетаи и на Мицкоски

Лидерот на едно од двете партиски крила на Алијанса за Албанците и доскорешен министер за здравство Арбен Таравари преку објава на социјалните мрежи ја коментираше видео-пораката на членот на Алијанса и вицепремиер, Арбен Фетаи, но и оставката на пратеникот Салим Сулејмани.

Таравари, меѓу другото, пишува дека „патот до достоинството не поминува со напуштање на партијата за министерска позиција“.

„Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата повикувајќи 20%. Патот на промените не поминува со заканување на Албанците со затвор. Патот на промените не поминува со продажба на позицијата на пратеникот да стане амбасадор во Саудиска Арабија. Патот на достоинството не поминува со заминување од партијата во замена за министерско место. Се гледаме во октомври!“, напиша Таравари на Фејсбук.

- Advertisement -
Ad image

Фетаи вчера нагласи дека партијата не е само политички субјект, туку движење кое брани непоколеблива кауза и идеал.

Тој изјави дека стои зад секој член кој бара правда и не прифаќа враќање на ДУИ без соочување со вистината.

– Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении. Не станува збор за поединецот. Станува збор за нашето колективно достоинство. Мојот глас е ваш глас. Гласот на Алијансата што не се предава, кој не се продава и кој не се плаши. Ние сме гласот на патот, а тој пат никогаш не поминува покрај Али Ахмети – порача меѓу другото довчерашниот поддржувач на Таравари во видео-обраќањето.

Тој ја осуди политиката на понижување и компромиси на сметка на достоинството на Албанците, потенцирајќи дека гласот на членството е јасен и упатен кон правда и чист пат.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека Таравари избрал да се приклучи на криминалниот блок.

– Едниот е блок од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше, безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој ‘мајбах’, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецот – кажа Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation