Инспекторатот на Град Скопје денеска започна широка акција за воспоставување ред во дејноста на јавниот превоз, контролирајќи ги дивите превозници, такси-автомобили, комбиња или автобуси, кои работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, информира градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.
Со акцијата, возилата кои работат нелегално ќе бидат одземани на период од шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог.
„Ова го најавив уште кога ја барав поддршката од скопјани и денес ја испорачуваме таа обврска.
Нашата цел е јасна и недвосмислена – да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите кои важат за сите.
Ова е конкретна мерка со која праќаме порака дека хаосот и безредието нема да бидат толерирани. Засилените контроли продолжуваат секојдневно, со уште поголем интензитет во деновите што следат.
Целта не е да казнуваме по секоја цена, туку да создадеме здрав систем во кој секој што работи ќе работи легално, одговорно и во интерес на граѓаните“- напиша меѓудругото Ѓорѓиевски во својот статус на Фејсбук на кој сподели и видео-снимка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
