Тајванските власти забележале 59 кинески авиони околу островот во последните 24 часа, соопшти утрово Министерството за одбрана во Тајпеј во истиот период биле регистрирани девет бродови и два балони.
Авионите и бродовите беа забележани неколку дена откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја нарече Кина „непријателска странска сила“.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека акциите претставуваат „сериозно предупредување за сепаратистичките сили кои се залагаат за независност во Тајван“.