Background

Светскиот економски форум во Давос во сенка на тензиите за Гренланд

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Со протести на улиците и тензии на агендата, во Давос стартува Светскиот економски форум под мотото „Духот на дијалогот“. Но дијалогот почнува во сенка на криза – Доналд Трамп ја предводи најголемата американска делегација досега, додека Данска целосно го бојкотира форумот.

- Advertisement -
Ad image

Светската елита се собира во швајцарските Алпи, во момент на најдлабоки трансатлантски тензии во последните децении, а Гренланд се искачи високо на агендата. Европските лидери во Давос ќе ја имаат и првата можност за директен, тет-а-тет разговор со американскиот претседател, по изјавите за суверенитетот на Гренланд, царините и иднината на НАТО.

А Трамп ја предводи до сега најголемата американска делегација во Давос. Го придружуваат пет министри и други високи функционери како државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер. Се очекува средба Трамп – Зеленски, но покрај Украина се најавуваат дискусии и за Венецуела, Газа и Иран.

И додека светските лидери ги прекројуваат агендите за следните денови, стотици луѓе протестираат на улиците против доаѓањето на Трамп, критикувајки ги швајцарските власти.

– Сметам дека од една страна е подобро да се зборува, но од друга страна тој ( Трамп ) не е дојден тука за дијалог, туку е дојден да направи уште еден договор. И навистина не му верувам – вели еден од демонстрантите.

Друг демонстрант нагласува дека Трамп започна војна во Венецуела и затоа Швајцарија не би требало да го пушта да дојде, ниту пак да биде прифатен како учесник на Светскиот Економски Форум.

На Швајцарските Алпи денеска пристигнаа повеќе од 60 шефови на држави и влади, вклучително и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој веќе најави дека ќе направи обид за средба со Трамп, за деескалација на трговските тензии. На исто место ќе бидат и канадскиот премиер, аргентинскиот претседател, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кинескиот вицепремиер, водечките технолошки лидери на Мајкрософт и Гугл АИ.

Фото: Принтскрин

На Светскиот економски форум присуствува и македонскиот премиерот Христијан Мицкоски со делегација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation