На спектакуларна локација под отворено небо, вечерва во Охрид „HUGEL“ го развиори македонското знаме, а публиката уживаше во глобалните хитови „I Adore You“, „Loosen Up“, „Morenita“ и многу други.
Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на „Beatport“, „HUGEL“ е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на „Latin“ и „Afro House“ жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.
Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како „Pacha“ и „Ushuaïa“. Неговиот глобален пробив започнува со „Morenita“, а се зацврстува со синглот „I Adore You“, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на „TikTok“ и „Instagram“ со над 36 милиони прегледи.
Настапот на „HUGEL“ во Охрид беше продукциски усогласен со светските стандарди, изјавија организаторите – „Intermezzo Music Rituals“ и Прагма продукција – кои понудија високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.
Ова лето, Охрид стана дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, „HUGEL“, го избра „Билјанини извори“ како своја дестинација во екот на неговата најголема светска турнеја.
Tagged as:
Светската ѕвезда ја воодушеви публиката во Охрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
