Судските административци бара реални плати и нови колеги

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација денеска, по средбата со претседателот на Судскиот совет, излегоа со барања за подобрување на состојбите на вработените во судовите.

Синдикатите бараат итна исплата на додатоците на плата кои не се исплатени од март оваа година, регрес за годишен одмор и пресметка на платите согласно коефициентите од Општиот колективен договор во јавниот сектор од 2023 година. Побарано е и пополнување на испразнетите работни места поради пензионирање или одлив на кадар, како и зголемување на средствата во буџетот за наредната година за најмалку осум проценти повеќе вработувања.

-Моментално има голем недостиг на персонал, а вработените се принудени да извршуваат задачи за двајца, тројца, па дури и четворица колеги. Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатливо, изјави претседателот на синдикатот, Горан Ристески.

Претседателката на Независниот синдикат на судската администрација, Јасмина Величкова, побара итно донесување на законот за судска служба, кој е завршен уште во јуни, но сè уште не е изгласан. Таа истакна дека платите на судската служба треба да бидат врзани со платите на судиите, во сооднос од 60 до 80 проценти, за да растат пропорционално.

-Ако не се исплатат додатоците и не се обезбедат средства, ќе бидеме приморани да најавиме штрајк во сите судови. Чашата веќе се прелеа, предупреди Величкова, додавајќи дека на последната седница на Буџетскиот совет повторно не се обезбедени средства за додатоци за ноември.

Синдикатите најавија дека ќе продолжат со преговори со Владата и Министерството за финансии, а јавноста ќе биде навремено информирана за следните чекори.

Share This Article