Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа сите списи за претходните дела на Васил Јованов кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на Партизанска, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки.
– Започнавме со разгледување на случаите, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет и по извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став дали имало пропуст или немало. Ќе бидат разгледани сите забелешки кои што беа изнесени во јавноста и по сите нив ќе се постапува – рече претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.