Background

Судскиот совет ќе изготви ориентациона норма на предмети за сите судови

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Судскиот совет на денешното продолжение на 537. седница разгледа повеќе претставки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите и судовите. На седницата беше формирана и комисија за изготвување предлог-одлука за утврдување ориентациона норма на предмети за сите судови, составена од членовите Антоанета Димовска, Садула Изаири и Павлина Црвенковска.

- Advertisement -
Ad image

Советот ја усвои претставката која се однесува на повеќегодишно доцнење во донесување судска одлука на судија од Основниот суд Охрид иако расправата во предметот била завршена пред повеќе од две години. Усвоена беше и претставката на осигурителната компанија „Македонија осигурување АД Скопје Виена иншуренс груп“ против Апелацискиот суд во Битола, односно судиите што учествувале во втор степен, што укажува на неправилности во постапувањето на второстепниот суд, при што, според наводите, со непримена на одредбите била донесена незаконита одлука.

Другите разгледани претставки беа оценети како неосновани. Некои од нив се однесуваа на наводна неправда во постапките поврзани со ослободување од заложно право, како и на незадоволство од навремено доставување пресуди во кривични и граѓански предмети.

На седницата под точката разно беа разгледани и други прашања од тековното работење, меѓу кои приговор за распоредот на работа во Управниот суд за 2026 година за кој Советот одлучи да биде препратен до надлежната општа седница на Врховниот суд.

Советот го усвои и предлогот за престанок на правото на надоместок за одвоен живот на еден од членовите на Советот, а беше констатирано и исполнувањето на условите за пензионирање судија од Основниот суд Струмица.

Судскиот совет на првиот дел од оваа седница вчера ги разгледа кварталните извештаи за ажурноста на судовите за четвртиот квартал од 2025 година и се осврна и на системските проблеми во судството, меѓу кои недостигот на кадар и финансиски средства, што, како што беше оценето, влијае врз квалитетот на правораздавањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation