Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Македонија

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Македонија.

Фидани е избран за претседател со 8 гласа „за“ и 5 гласа „против“. Противкандидат му беше доскорешната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, која доби само 2 гласа „за“, 11 гласа „против“ и многу критики за својот однос кон Судскиот совет.

Членовите на Судскиот совет при изборот дискутираа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, а со своето однесување и недоаѓање на седниците на Судскиот советм придонела дополнително да се намали довербата на граѓаните во судството и во Советот. За судијата Африм Фидани дел од членовите рекоа дека е анонимен, неистакнат судија, но ја доби поддршката затоа што има конкретен акциски план за подобрување на состојбите во судството, со точно утврдени временски рамки.

Членот на Советот Тања Чачарова Илиевска, која е дел од Комисијата за избор, рече дека Адеми покажала арогантен однос, а Фидани ѝ оставил впечаток дека не ги познава состојбите во правосудтсвото. Таа се изјасни дека нема да гласа „за“ за ниту еден од двајцата кандидати.

Весна Дамева рече дека не гласа за Адеми, туку за Фидани, оти цени дека тој има добра програма за работа какопретседаѕел на Врховниот суд.

Антоанета Димовска рече дека судијката Адеми не се однесувала професионално кон Судскиот совет во повеќе ситуации, а додека била претседател на Врховниот суд, меѓучовечките односи во институцијата биле нарушени. За судијата Фидани рече дека е анонимен и дека не се истакнал во судството.

Исамедин Лимани рече дека ги познава двајцата кандидати. Не гласал за Адеми, затоа штво досегашната пракса не се случило некој да добие два последователни мандати за претседаѕел на највиоскиот суд во државата.

– Колешката Адеми е и член на УО на Академијата за судии и обвинители, таа и во Судскиот буџетски совет, па зада нема акумулирани многу функции во една индивидуа, гласав против.
Гласав за вториот кандидат, затоа што во програмата има акционен план. Тој е кривичар и мислам дека може да се справи со раководењето на Врховниот суд – рече Лимани.

 

- Advertisement -
Ad image

Ивица Стефановски рече дека гласал против двајцата кандидати.

– Со Беса Адеми имаме негативно искуство во соработката. Претседателот на Врховниот суд и на Судскиот совет имаат директна надлежност за подобрување на состојбите во правосудството. Таа нема позитивни резултати во развојот на правната мисла, во правораздавањето, па доаѓа до израз недоволниот ангажман. Претседателот на Врховнот суд според законите е дел од Судскиот совет. Во нејзиниот ангажман јас не видов нејзин предлог или учество во расправа за подобрување на состојбите во судството. Очекувам да дојде човек кој заедно со Судскиот совет ќе испорача подобро судство. Јас ја доживеав Адеми како да води натпревар меѓу двата органа, Врховниот суд и Судскиот совет и со тој натпревар не даде позитивен придонес – рече Стефановски.

И Џенета Бејтовиќ се изјасни дека гласала против двајцата кандидати.

- Advertisement -
Ad image

јас гласав против двата кандидати. Претседателот на Врхове треба да обединува,

Муљазим Мустафа рече дека го поддржал судијата Фидани. Се распрашал за него и добил позитивни оценки за неговара личност, односно, како пто рече, „за него не слушнав лош збор од судиите“.

– Местото е измислено за такви професионалци како него. Не гласав за Адеми поради нејзиниот пристап и однесувањето кон Сускиот совет. Јас очекував таа да биде член и на Советот и да дава конкретни идеи и предлози за подбрување на состојбите во судството – рече Мустафа.

И Селим Адеми рече дека гласал против Адеми, затоа што смета дека два мандати, односно 8 години се многу за еден ист човек да биде на чело на највисокиот суд.

– Не го познаваме судијата, затоа што за него досега немаше ниту една претставка ниту поплака за неговата работа – рече Адеми.

И Павлина Црвенковска рече дека гласала за Фидани, кого лично го познава затоапто работела со него во Апелациски суд и го смета за одличен професионалец.

Фидани ја доби поддршката и од потпретседателот на Судскиот совет, Ханиф Зендели.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камовски се изјасни дека не дал подршка за ниту еден од двајцата приавени кандидати.

Фидани е судија на Врховниот суд од 2017 година.

Завршил Правен факултет на Приштинскиот универзитет во 1989 година. Од 1990 до 1996 година работи во просвета на правно административни задачи, а од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд, како републички инспектор за труд област на работни односи. Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште. Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.  Во јули 2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, кривичен оддел, а од 2017 година е врховен судија.

Судскот совет минатата година поведе постапка за разрешување на Адеми од функцијата претседател на Врховниот суд, поради нејзиното недоаѓање на седниците на Советот и покрај поканите, но при гласањето предлогот за разрешување не доби поддршка.

Share This Article