Судот во Хаг ќе ги гони за прогон врз основа на пол

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, денеска изјави дека поднел барање за апсење на талибанските лидери во Авганистан, вклучително и врховниот духовен водач Хаибатула Ахунџада, обвинувајќи ги за злосторства против човештвото, за дискриминација на жените и на девојчињата.

Во соопштението објавено од канцеларијата на Кан се вели дека доказите собрани во истрагата даваат основа за сомневање дека Ахунџада и Абдул Хаким Хакани, кој ја извршува функцијата врховен судија од 2021 година, „носат кривична одговорност за злосторства против човештвото, прогон, врз основа на пол“.

„Тие се кривично одговорни за прогонот на авганистанските девојки и жени, како и на поединци за кои Талибанците сметаат дека не се во согласност со нивните идеолошки очекувања за родовиот идентитет и поединци кои Талибанците ги сметале за сојузници на девојките и жените“, се наведува во соопштението.

Кан истакнува дека злосторствата започнале на 15 август 2021 година, две недели пред американските трупи да го напуштат Авганистан и сè уште траат.

Првата прелиминарна истрага на судот за прекршување на правата на жените и девојките во Авганистан почна во 2007 година, а дури во 2022 година почна целосна истрага. Талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година и оттогаш ги ограничија правата на жените, вклучувајќи ограничувања на образованието, работата и независноста во секојдневниот живот.

Share This Article