Едно лице загина, а 11 се повредени денес во судир меѓу товарен воз и туристички автобус во регионот Ленинград, во близина на Санкт Петербург, во северозападна Русија, соопштија властите.
Несреќата се случила кратко по 5:00 часот наутро по централноевропско време, соопшти локалната филијала на Руските железници.
Автобусот скршнал на шините директно пред возот што се приближувал со полна брзина помеѓу станиците Лодејное Поле и Олонец, се вели во соопштението.
Возачот се обидел да закочи, но автобусот бил премногу блиску и судирот не можел да се избегне, додаде истиот извор.
Според првичните информации, повредени се 12 патници во автобусот, од кои еден починал.