Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор на двајцата осомничени од Специјалната болница за геријатрија во Скопје за примање поткуп за прием на тешко болен пациент

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор на двајцата осомничени од Специјалната болница за геријатрија во Скопје за примање поткуп за прием на тешко болен пациент.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и основано сомнение дека може да го повторат делото“, соопшти Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Обвинителството денеска соопшти дека директорот на специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи барал 100.000 евра мито за да смести болно лице на Клиниката за геријатрија, со која раководел, а кога ќерката на пациентот му кажала дека нема толку пари, Арифи ѝ рекол да го продаде станот од татко ѝ. Според соопштението од Јавното обвиннителство, Арифи се согласил првично да земе 20.000 евра, но ќерката му останала должна до крајната сума.

Тој испратил свој посредник да ги земе парите, при што посредникот е фатен на дело како зема 20.000 евра од оштетената жена.

Полицијата вчера ги уапси Арифи и неговиот помошник.

Share This Article