За 16 мај во 10 часот е закажано следното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, кога е предвидено да се доврши доказната постапка и да се почне со дополнение на доказната постапка.
Судијата Ивица Стефановски се изјасни кои барања на првообвинетиот Љупчо Палевски се прифатени, а кои не.
Судот побарал службена белешка од Велес, но таа сѐ уште не била доставена. Судот прифатил да се прибави видеозапис од експозитурата на Халкбанка за 27.11.2023 година од 9 до 12 часот. Судот испратил наредба до банката за снимката, а банката испратила одговор на 12.03.2025.
Не се прифати барањето да се повикаат како сведоци двајцата вештаци кои ја вештачеле чаурата, затоа што тоа барање не било доставено на време, согласно Законот за кривичната постапка.
Судат прифати да се изведе како доказ чаурата пронајдена кај Жежовски. Денеска преку архивата на Судот бил доставен поднесок од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.
Поради тоа што Судот има потреба од дополнително време за да ги разгледа овие 6 поднесоци, една наредба и една табела, следното рочиште е закажано за 16 мај
Tagged as:
Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува на 16 мај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
