Топ Вести - Слушај сега
Синот на холивудскиот режисер Роб Рајнер, 32-годишниот Ник Рајнер, се изјасни како невин пред судот во Лос Анџелес, по обвинението за убиството на своите родители кои во декември беа пронајдени со повеќекратни убодни рани во нивниот дом во елитната населба Брентвуд, пишува Би-би-си.
На рочиштето на кое се изјасни за невин по обвинението, Рајнер, кој е во притвор, носеше затвореничка униформа. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор без можност за условен отпуст или смртна казна.
Следното судско рочиште е закажано за 29 април.
Телата на Роб Рајнер (78) и Мишел Сингер Рајнер (70) ги пронајде нивната ќерка на 14 декември. Според судско-медицинскиот извештај на округот Лос Анџелес, причината за смртта се повеќекратни повреди нанесени со остар предмет.
Против Ник Рајнер се поднесени две обвиненија за убиство од прв степен, со посебна околност за повеќекратно убиство. Американските медиуми објавија дека претходната вечер додека присуствувал на забава со своите родители, имале меѓусебна расправија, но извештаите во однос на сериозноста на наводниот конфликт, се разликуваат.
Рочиштето првично беше закажано за јануари, но потоа беше одложено откако адвокатот Алан Џексон се повлече од случајот поради причини за кои наведе дека се надвор од неговата и од контролата на клиентот.
Новата адвокатка, Кимберли Грин, во понеделникот во негово име ја поднесе изјавата за невиност. Ник Рајнер добива бесплатен адвокат кој го плаќа државата, како обвинет кој не може самиот да ги покрие трошоците на одбраната.
Роб Рајнер беше режисер на повеќе култни филмови, меѓу кои најпознат е филмот „Кога Хари ја сретна Сали“ (When Harry Met Sally). Неговата сопруга, Мишел Сингер Рајнер беше актерка, фотографка и продуцентка, како и основач на фотографската агенција и продукциска куќа „Рајнер лајт“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
