Студија: Прекувремената работа негативно влијае на мозокот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најновата јужнокорејска студија покажа дека прекумерното работно време и прекувремената работа доведуваат до значителни промени во структурата на мозокот, што е резултат на комбинација од физичко и емоционално преоптоварување, објавија денес медиумите.

Истражувањето на двајца научници од универзитетите Чунг-Анг и Јонсеи вклучуваше 110 здравствени работници поделени во две групи.

Во едната група имало такви кои работеле најмалку 52 часа секоја недела, додека во другата група имало вработени кои работеле стандардно работно време, според CNN.

Луѓето кои работеле прекувремено доживеале значајни промени во регионите на мозокот кои ги регулираат когнитивните и емоционалните функции, што било последица на нивното преоптоварување и замор, заклучиле истражувачите.

Коавтор на студијата, професорот Џун Јул Чои, рече дека овие промени можат барем делумно да се поправат ако се отстранат стресните фактори.

Сепак, тој додаде дека на мозокот му е потребно многу повеќе време за да се врати во првобитната состојба.

Претходна студија од 2021 година, исто така, покажа дека прекувремената работа има негативни здравствени последици, според CNN.

Френк Пега, кој го водеше истражувањето, истакнува дека најновите резултати претставуваат значаен нов доказ што би можел да помогне подобро да се разбере како прекувремената работа драстично влијае на физичкото здравје на вработените.

„Владите, работодавачите и самите вработени можат заедно да преземат мерки за заштита на здравјето на работниците“, рече Пега.

- Advertisement -
Ad image

Авторите на најновата јужнокорејска студија истакнаа дека резултатите од нивното истражување укажуваат на важноста од решавање на проблемот со прекувремената работа, што е причина за загриженост.

„Тоа е мала студија, но бидејќи се базира на сеопфатни невролошки мерења и се осврнува на фундаменталните механизми на преоптоварување и замор, може да се однесува на сите, па затоа нејзините централни заклучоци се многу релевантни“, велат научниците.

Share This Article