Студентите во блокада во Србија за вечерва најавија нови протести под мотото „Србија не може да се смири“. Според организаторите, собирите ќе се одржат на повеќе локации во Белград, како и во уште девет градови низ земјата.
На социјалните мрежи веќе се појавија снимки од протестите во Ваљево каде што може да се види дека избил пожар во штаб на владејачката Српска напредна партија (СНС).
Како причина тие ги наведуваат прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, како и нападите врз демонстрантите извршени од маскирани лица и приврзаници на Српската напредна партија.
Граѓаните велеат дека протестираат против Вучиќ, вклучително и врз малолетници“. Дополнително, демонстрантите обвинуваат маскирани групи за уништување на повеќе објекти.
Демонстрациите траат уште од ноември минатата година, кога при уривање на покривна конструкција на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица.