Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеностги повикаа граѓаните да се соберат на градскиот плоштад  вечерва во 20 часот за да оддадат почит на 75-те лица кои загинаа во падот на бетонската настрешни во Нови Сад и пожарот во Кочани во неделата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Студентите од Универзитетот во Ниш ги повикаа граѓаните да се соберат на градскиот плоштад  вечерва во 20 часот за да оддадат почит на 75-те лица кои загинаа во падот на бетонската настрешни во Нови Сад и пожарот во Кочани во неделата, јави МИА.

Тој собир е во знак на поддршка и за студентите од Нови Сад кои, како што рекоа, синоќа врз нив била употребена физичка сила од полицијата при блокирањето на влезовите во Собранието на Нови Сад.

Неформалната група студенти на Универзитетот во Ниш соопшти дека поради тоа што денеска во Србија е Ден на жалост за загинатите во Северна Македонија, вечерва во 19 часот и 10 минути нема да има протести за бучава поради наводна употреба на „звучен топ“ на протестот во Белград во саботата.

Граѓаните синоќа околу десетина минути правеа врева со свирежи, вувузели и удирање во тенџериња и беше најавено дека ќе продолжат и во наредните денови.

Share This Article