Background

Сценскиот настап не бил договаран со газдата на дискотеката „Пулс“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Естрадниот новинар Васко Спасовски (38) од Џепчиште, Тетовско, во последните неколку години работел како пи-ар на групата ДНК. Тој комуницирал со медиумите во име на ДНК, договарал интервјуа итн. Имале идеја со Панчо да отворат заедничка продукција и да соработуваат и со други артисти. Во денешното сведочење во рамки на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ тој рече дека немал врска со организацијата на настапот на ДНК во Кочани.

- Advertisement -
Ad image

– Мојата работа беше да договориме услови, цена, локација, датум. А организацијата на самиот настан, концерт, не беше моја обврска. Панчо беше мотор на бендот, беше шеф на бендот, договараше проби, правеше репертоар. Во бендот беа Филип, кој свиреше клавијатура, тапанарот Ѓоко, Мартин Атанасов Буцо, тонецот Жути и други – рече Спасовски.

Тој рече дека настапите главно ги договарал Панчо, а секој си го носел својот инструмент.

На прашање на јавниот обвинител кои биле задолженијата на Мартин Атанасовски Буцо, Спасовски рече дека тој бил пријател со Панчо и со Андреј, често го викале, имал една кратка заедничка точка со Панчо на сцената. Правел видеа за социјалните мрежи.

Според него, Атанасовски отприлика 3-4 години соработувал со бендот ДНК.

Поради други обврски, Спасовски не бил кобната вечер на настапот на ДНК во Кочани. За трагедијата дознал од другар, кој му испратил скриншот од кочански портал околу 4 наутро.

– Во Кочани отидов утрото по пожарот, отидов да ги барам членовите на бендот. Го разбудив другарот, му реков за објавата и решивме да вртиме  телефони. Прво му ѕвонев на Панчо, не ми креваше. Андреј беше од старт недостапен. Додека возев кон Кочани му ѕвонев и на гитаристот Горан Тонев, ни тој не ми одговори. Кога стигнавме пред болницата во Кочани почнавме да прашуваме дали знаат нешто за членовите на ДНК – рече сведокот.

На прашањето дали се користела пиротехника на претходни настапи, Спасовски рече дека не обрнувал внимание на тоа, дека не го гледал тоа како нешто спектакуларно.

– Дури првите денови по трагедијата се расправав на социјалните мрежи дека пиротехниката не е на ДНК, дека е на организаторот. Кога почнав да прелистувам на нивниот профил на Инстаграм, видов дека и на други настапи, на повеќето, имале пиротехника. Инаку, се случувало на други концерти, на други изведувачи, самиот организатор да носи прскалки. Така сфатив дека најверојатно ДНК ги донеле прскалките – рече тој.

Тој рече дека Денис Даутовски неколку месеци пред трагедијата ја прекинал соработката со ДНК, се преселил во Германија каде добил работа според неговото образование.

– Тој претходно со нив соработуваше неколку години, приватно беше другар со Панчо. Одеше со нив на сите настапи, им беше тур менаџер, организираше каде ќе се пресоблечат, каде ќе спијат, каде ќе јадат, организираше проби. Не е музичар – рече Спасовски.

По трагедијата разговарал со Денис преку телефон.

– Се слушаме на телефон, бараше информации од мене. Дојде во Скопје пред месец-два, се видовме. Го прашав кој ги набавува прскалките, ми рече дека најчесто си ги набавувале легално од некоја продавница во Кисела Вода. И дека никогаш кога тој бил задолжен за прскалките, бидејќи тој ги поставувал, не се случил никаков инцидент – рече сведокот.

Тој потврди дека Денис ја имал улогата да ги активира прскалките додека соработувал со ДНК.

Обвинителот праша кој ја презел улогата на Денис со прскалките, на што сведокот рече дека претпоставува дека тоа бил Мартин Буцо, оти нема кој друг.

– Не можам да се сетам дека Денис ми има посочено дека тоа е Мартин, ова е моја претпоставка – рече сведокот.

На прашање дали Мартин бил цело време на сцената за време на настапите на ДНК, Спасовски рече дека имал точка од една до две минути, некаде на средина на концертот, ја изведувал точката и се симнувал од сцената. Имал задолженија да им подава вода, да снима видеа и сл.

Обвинителот праша дали може да појасни некоја физичка особеност на Мартин Буцо.

– Не знам како да го кажам тоа. Беше прилично воспитано и културно дете, во говорот пелтечеше. Беше поспор, потрапав, не знам како да опишам. Сите во бендот го сакаа. Беше најмлад – рече сведокот и додаде дека Буцо најчесто патувал со Панчо, оти блиску живееле.

Спасовски никогаш не организирал настапи во „Пулс“, но бил таму со други изведувачи, како на пример со Влатко Лозановски. За организацијата во „Пулс“ рече дека бил задолжен Деко.

– Ние, букинг-менаџерите, не ги организираме настапите. На пример, ми се јавуваат дали е слободен Влатко или Тамара за тој ден, се договараме за цена, праќаме слики и промоматеријал за дискотеката да објави. Јас организирам доаѓање на пејачот на местото каде што нѐ викаат. За „Пулс“ сум комуницирал со Дејан Јованов или се случуало да ми се јави и неговиот син Михајло – рече сведокот и додаде дека не се сеќава кој ги пречекал во „Пулс“ кога дошле со Влатко Лозановски.

Тој рече дека Дејан Јованов Деко не му понудил писмен договор за обврски и права во врска со настапот.

Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов го праша Спасовски дали е вообичаено да не се склучуваат договори за настапи на бендови, на што тој рече дека има случаи кога се склучувале, но генерално не се склучувале. На прашање дали договарањето за гостувањето на ДНК со Дејан Јованов Деко подразбирало и договарање на сценскиот настап, сведокот рече не.

На вкрстено прашање од одбраната дали безбедноста е одговорност на бендот или на сопственикот на објектот каде настапуваат, Спасовски рече дека е на оној што ги вика.

– Јас не можам да знам дали вашата куќа е од пластелин, од картон или од дрво – додаде тој.

На прашањето дали на настапи на Влатко Лозановски, Тамара Тодевска и Наум Петрески, чиј менаџер е, досега се употребувала пиротехника во затворен простор, тој негираше. На прашањето дали само ДНК употребувала пиротехника во затворено, тој рече да.

Адвокатка му предочи дел од неговата изјава дадена во Јавното обвинителство дека Денис му кажал дека неговата улога за пиротехника ја презел Мартин, а сега во судница вели дека не е сигурен и претпоставува дека ја презел Мартин.

– Кој исказ ви е точен? – праша таа.

Сведокот одговори дека исказот во Јавното обвинителство бил даден побрзо по трагедијата, па најверојатно тој исказ е точен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation