СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЌЕ СЕ БАРААТ ВО АЗИЈА И ВО АФРИКА

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестиции, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на претседателот на Владата и дипломатско конзуларните претставништва, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во државата или договорил.

Тој забележа дека одредени пазари со голем потенцијал биле занемарени, па затоа  сега се прават обиди да се отворат за земјата. Се работи на отворање амбасада во Саудиска Арабија и посета на пазарите во Африка и Азија во идниот период заедно со стопанските комори.

– Видовте дека бевме признаени како една од земјите, која во претходната година имаше донесено огромен број странски инвестиции. Сите нови инвеститори кои дошле во последната година, од кои голем дел се презентирани и тука на прес-конференција заедно за претседателот на Владата, се работат координирано преку тој тим – рече Муцунски.

Тој појасни дека со инвеститорите се контактира на различен начин.

– Имаме одредени ситуации каде што контактот остварен преку дипломатско конзуларно претставништво, имаме ситуации и примери каде што тоа е направено под директен контакт на компанијата која што слушнала за потенцијалните услови. Не би можел да издвојам дека еден или друг начин бил предоминантен или бил понагласен. Тоа што би можел да ви кажам дека ние работиме координирано како тим, нашите дипломатски-конзуларни претставништва по добивањето на овие надлежности добиваат многу специфични инструкции со поголема динамика од претходно – рече Муцунски.

Тој додаде дека кога патува на билатерални посети надвор од државата, често носи и дел од економскиот тим на Владата.

– И тука работиме прилично координирано по однос на овие прашања. Така што мислам дека не е коректно да речеме дека инвестицијата и доколку е остварена по пат на комуникација преку дипломатско-конзуларно претставништво, не е целосната заслуга само на институцијата која јас ја раководам -рече Муцунски.

Во однос на прашањето дали Владата размислува да го засили дипломатското присуство во региони каде што не е застапено, тој посочи дека идната година очекува да биде отворена амбасада во Саудиска Арабија.

– Одреден период биле занемарени пазари кои што имаат огромен потенцијал. Како конкретен пример на линија на тоа што вие го зборувате е одлуката од пред неколку месеци за отворање на нова амбасада во Саудиска Араби. Земја со која имаме сериозен потенцијал, би рекол по ова прашање. И очекуваме во 2026 година да биде отворено тоа ново дипломатско-конзуларно претставништво – истакна Муцунски.

- Advertisement -
Ad image

Тој потсети и на неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски и владина делегација на Обединетите Арапски Емирати и додаде дека очекува во наредниот период конкретни придвижувања и со оваа земја.

– Не би можел сега во моментот, заради доверливоста помеѓу двете страни, по однос на тоа што го дискутираме да кажам што значи тоа конкретно, но ќе има бенефити од таа посета кој што граѓаните наскоро ќе ги чувствуваат – рече Муцунски.

Како негов приоритет во текот на 2026 година е да посети дел од пазарите во Африка и Азија заедно со претставници од стопанските комори во државата. 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article