Стопиран патничкиот сообраќај по дојавите, полицијата проверува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Србијавоз“ денеска го прекина целиот патнички железнички сообраќај поради анонимна дојава за поставени експлозивни направи на сите возови и пруги. Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на компанијата, мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не ги извршат сите безбедносни проверки.

– Сообраќајот на сите патнички возови е суспендиран до понатамошно известување – велат од „Србијавоз“, при што се потенцира дека алармантната дојава се однесува на сите правци и линии.

Ова не е прв пат српскиот железнички сообраќај да биде блокиран, во март годинава, исто така беше суспендиран меѓуградскиот сообраќај поради масовен протест во Белград.

Нова ескалација е најавена за 28 јуни, кога студентите од блокадата повикуваат на голем граѓански протест во центарот на Белград. Тие бараат распишување предвремени парламентарни избори и правна одговорност за трагедијата во Нови Сад, при уривањето на настрешница во која загинаа 16 лица.

Во пресрет на протестот, Србија ја тресе нова безбедносна криза. Во изминативе денови низ државата се вршат апсења – досега се уапсени седум лица во две акции. Еден студент од Универзитетот во Белград е обвинет за „повикување на насилна промена на уставниот поредок“, додека останатите се товарат за обид за „насилно рушење на власта“.

Граѓански активисти и дел од опозицијата предупредуваат дека власта се обидува да ја застраши јавноста пред најавените масовни демонстрации. Надлежните најавуваат нови апсења, а тензиите растат додека Србија влегува во најтурбулентниот политички викенд ова лето.

Share This Article