Background

Старите црковни правила сѐ уште владеат

Додека шефови на држави, кралски височества и високи црковни великодостојници денеска му оддаваа последна почит на папата Франциск во Ватикан, забележливо отсуство предизвика бројни прашања: каде е кралот Чарлс?

Иако британскиот монарх важи за еден од највлијателните светски лидери, неговото отсуство од погребната церемонија е резултат на длабоко вкоренети традиции и строги протоколарни правила кои важат уште од 16. век.

Како врховен поглавар на Англиканската црква, кралот Чарлс не може да учествува во церемонии на Римокатоличката црква во својство на британски монарх. Оваа црква, која официјално се одвои од Ватикан во 1534 година со актот на кралот Хенри VIII, има свои јасно утврдени канонски правила што го дефинираат односот со останатите христијански конфесии.

- Advertisement -
Ad image

Тогаш, кралот Хенри VIII, поради одбивањето на папата Климент VII да му дозволи развод од Катерина Арагонска, основал независна Англиканска црква и самиот се прогласил за нејзин поглавар. Оттогаш, секој британски монарх ја носи титулата Врховен гувернер на Англиканската црква, со надбискупот на Кентербери како нејзин духовен водач.

Иако кралот Чарлс повеќепати лично се сретна со папата Франциск, неговото отсуство на денешната церемонија е целосно во согласност со праксата на британската круна. Истото правило го почитуваше и кралицата Елизабета II, која за време на своето долгогодишно владеење никогаш не присуствуваше на погреб на папа.

Кога папата Јован Павле II почина во 2005 година, тогашниот принц Чарлс, како претставник на кралицата, присуствуваше на церемонијата. Тогаш, неговото присуство имаше и посебен симболизам – се случи еден ден пред неговата венчавка со Камила.

Овој пат, кралското семејство повторно одлучи да го испочитува протоколот: наместо кралот, на церемонијата во Ватикан присуствува неговиот син, принцот Вилијам.

Интересен е фактот дека кралот Чарлс беше последниот светски лидер што оствари средба со папата Франциско – само две недели пред неговата смрт, за време на државната посета на Италија.

Британскиот двор и понатаму покажува доследност кон старите канонски правила, со што ја нагласува посебноста и историската автономија на Англиканската црква, која и денес има клучна улога во дефинирањето на односите меѓу двата најголеми христијански света.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation